ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец за договорите за Отворен Балкан: Се чека пратениците да кажат „да“ за да почне да функционира слободниот проток на работна сила и услуги

February 12, 2023 10:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За активирање на економската мерка со која ќе се овозможи слободно движење на пазарот на трудот, слободно движење на луѓе и услуги во бизнис секторот, потребно е уште да се помине филтерот на пратениците, кажа Марјан Забрчанец координатор за Отворен Балкан, во вчерашното издание на емисијата Стадион на Канал 77.

„Оваа мерка се однесува на бизнис секторот, приватните компании, не за државниот сектор. Тоа значи дека ако до сега за да одредени граѓани на Албанија или Србија работат во нашата земја, треба да аплицираат, да подготвуваат и поднесуваат документи, да бараат работна дозвола, да чекаат да поминат еден куп бирократски и административни мерки и обратно и од нашата земја ако некој сака да работи онлајн за албанска или српска компанија а притоа таму да добива плата и таму да биде пријавен пензиско и здравствено, повторно мора да минува по истите постапки. Сега со оваа мерка нема да има потреба од вадење на работни дозволи. Преку софтверите на Агенцијата за вработување (постои софтвер позадински), тие се веќе вмрежени меѓу трите земји, се вади идентификациски број на секој граѓанин од Отворен Балкан. Со тоа бројче фактички ве препознаваат системите на трите земји и веднаш можете да стапите во работен однос, се разбира ако ве ангажира некоја компанија,“ образложи Забрчанец.

Оваа мерка е возможна како резултат на потпишаните два  меѓународни договори меѓу две држави. Едниот договор се однесува на пазарот на трудот а другиот околу идентификацискиот број.

„Кај нас за да стане правосилен тој договор треба да биде ратификуван во Собранието. Имаше извесно кочење и блокирање од страна на опозицијата, конкретно од Комисијата за надворешни работи, меѓутоа таа пречка е надмината и сега тој договор е стигнат на Пленарна седница и се очекува час поскоро сите 120 пратеници, кога ќе дојде точката на ред, да гласаат со  „да“ ,“ вели Забрчанец.

Додава дека веќе е потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите меѓу трите земји од Отворен Балкан, а таков договор за признавање е потпишан и меѓу земјите од Западен Балкан.

Потпишан е и договорот за Фондот за филм, кој ќе значи вмрежување на копродукциите на Албанија, Македонија и Србија  и заедничко аплицирање до ЕУ Фондовите. Влезот на Косово во Отворен Балкан, Забрчанец смета дека ќе зависи од решавањето на ситуацијата меѓу Србија и Косово, додека Црна Гора веќе е на чекор до приклучување, зошто бизнисот тоа веќе го бара.

 

Tags: договориМарјан ЗабрчанецОтворен БалканратификацијаСобрание
Next Post

Аномалија на радар ја натера американската ФАА накратко да затвори дел од воздушниот простор на Монтана

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk