Македонка Вечна
Човекот партија, Павле Трајанов не гласаше во Собрание за Договорот за ФРОНТЕКС, бидејќи во моментот кога се гласаше за таа точка, тој бил на мочање, вели екскулузивно за редакцијата ОЗБИЛНО.
„Знаете за време на седницата пиев многу вода оти пред да започне јадев еден мрсен четврт бурек со месо. А башка и стресот си го направи своето и почесто одев во тоалет на мочање. И верувајте многу ми е криво што не бев во салата баш кога се гласаше Договорот за ФРОНТЕКС“, вели тој.
Павле истакна дека веднаш по седницата даде неотповиклива оставка од власта, оти не сака неговите симпатизери да го гледаат како предавник дека не гласал за Договорот за ФРОНТЕКС со кој се потврдува македонскиот јазик и идентитет.
„Откако знам за мене отсекогаш сум бил во власт, ова сега ми е првпат да сум во опозиција. Еве неколку дена не можам да се соочам со релноста дека не сум дел од власта. Имам кошмари. Затоа решив да го побарам мојот прекуграничен стар другар Груевски да ми даде број од неговата бајачка за да ми помогне, да ми даде некакви совети, чајчиња, колачиња… било што, само да се смирам“, вели Павле.
Павле додава дека бајачката на Груевски го упати да се обрати кај вечниот опозиционер Мицкоски да му даде насоки како да преживее во опозиција.
„Друже не е страшно да си во опозиција. Види ме мене, што ми фали, што цело време сум во опозиција. Топ не ме бие“, крако преку смеа му кажа Мицкоски на Павле, тапшајќи го по рамо.
Ваквиот несериозен однос на најискусниот и со најдолг опозициски стаж не му се допадна на Павле и реши чарето да си го бара на друго место, односно ќе ги праша за совет Апасиев, Бачев, оние лидери од Родина, Демократи, попот од Интегра и ако од овие македонски лидери нема лек, со тешко срце ќе пристапи да бара помош од Касами од БЕСА.
TraРубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK.
Извор: ЦИВИЛ Медиа