ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МТВ со реакција до Јорданов: Очигледна е нервозата на најнеуспешниот градоначалник поради слабата работа во Штип

February 15, 2023 14:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната прес-конференција на штипскиот градоначалник Иван Јорданов за неасфалтирање на три улици во штипската населба Автокоманда од фирма која е избрана од Министерството за транспорт и врски, од ресорното министерство наведуваат дека има обезбедено средства и дека се исплатени сите фактури кон изведувачот, а понатаму процесот на градење е предаден на надзорниот орган и изведувачот.

-Очигледна е нервозата на најнеуспешниот градоначалник Јорданов поради слабата работа во општината, па наместо да работи за подобрување на условите за живот на штипјани, се слика секојдневно и ја кртикува централната власт која му дава силна финансиската поддршка за реализацијата на капиталните проекти во Штип. Срамно е кога се вршат градежните работи да го гледаме како се слика со механизацијата која е ангажирана од Министерството за транспорт и врски, а потоа да изигрува жртва и да го критикува министерството, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Во писмената реакција се наведува дека Министерството за транспорт и врски било подготвено да ја започне реконструкцијата на улиците уште во јуни минатата година, но поради доцнењето на Општината со подземната иснталација, реконструкцијата започнала дури четири месеци подоцна.

-Градоначалникот да им се извини на штипјани и да ја информира јавноста дека овој проект ќе беше завршен пред почетокот на зимските месеци доколку општината си ги завршеше на време обврските со подземната инсталација, се вели во соопштението.

Посочуваат дека оваа Влада преку Министерството за транспорт и врски и понатаму останува најголем инвеститор во општина Штип, каде се реализираат капиталните проекти со кои значително се подобруваат животните услови на Штип и околните населени места. Ги наведуиваат проектите кои се реализирани, како што се експресните патишта Штип-Кочани, Штип-Радовиш, изградбата на брана на река Отиња, повеќе улици, изградба на цевковод во населбата Македонка и други проекти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЈордановМТВШтип

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk