ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Националниот совет за дигитална трансформација на општеството ја усвои основата и концептот за дигитализација

February 15, 2023 15:45
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Славица Грковска

Славица Грковска

Share on FacebookShare on Twitter

Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој претседава заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот состанок, на кој беше усвоен Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството.

Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството почива на четири принципи владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, како и принципот „само еднаш”, според кој податоците што еднаш се внесени во јавен регистар, да не смее да се бараат повторно од физичките и правните лица.

На состанокот се разговараше за електронската лична карта и за принципот „дигиталното е стандардно”, каде што дигиталната верзија добива поголемо значење од хартиената верзија.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека овие принципи и концептот се отворени за дискусија, имајќи предвид дека ова е општествен процес со кој се утврдува основата на дигиталната трансформација на општеството.

Пред членовите на Советот, беше презентиран и дигиталниот асистент за инвестиции АДА, кој е базиран на вештачка интелигенција.

Советот, во својот делокруг на работење ќе планира и предлага иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството, ќе учествува во изготвување на Предлог-план за оптимизација на процесите.

Советот на денешната седница го усвои и Деловникот за работа.

Членови на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството се министрите за внатрешни работи, за одбрана, за информатичко општество и администрација, директорот за Агенцијата за електронски комуникации, како и претставници од комисии во Собранието на Република Северна Македонија, стопанските комори, од банкарскиот сектор, локалната самоуправа и академската заедница.

Tags: дигитална трансформацијаСлавица Грковска
Next Post

Радио 106 го прослави својот 30-ти роденден!

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk