Светскиот ден на радиото се слави на 13. февруари, но битолскиот ден на радиото се слави следниот ден, на 14. февруари! Тоа е роденденот на најпознатото битолско радио, популарната 106-ка, која оваа година го прослави својот 30-ти роденден. Иако неофицијално постои подолго од 30 години, сепак, радиото роденденот го слави на Денот на виното и љубовта. Значи за радио кое со секој извештај за рејтингот на медиумите објавен од Агенцијата за Аудио и Аудио-визуелни Услуги на Македонија ја има најголемата слушаност.
На нивната фреквенција (106.6 фм) можете да слушнете информации за медицина, наука, технологија, музика, филм и секако најновите хитови кои секогаш ги презентираат први, но и внимателно избраните класик хитови. Програмските содржини се наведени на нивниот вебсајт (106.com.mk).