РИБАРО
Павле Трајанов претседателот на „one man“ партијата ДС, како што дознава екипата на АХА, заминал на итни консултации во Москва во врска со неговото делување како опозициски пратеник во македонското Собрание.
Во Москва бил пречекан од потсекретарот на заменик-потсекретарката на Путин задолжен за македонските партии во служба на Москва.
Потсекретарот рекол дека се радува што руските вазали во македонската политика си ја завршуваат доста коректно задачата, но нагласил дека мора уште појако да се стегнат за да го закочат патот на Македонија кон Европската унија и западниот демократски свет.
„Напредокот на Македонија мора по секоја цена да се саботира. Небитно е со кои и какви средства ќе се служите. Видете, координирајте се со Апасиев, Мицко, Бачев и другите поданици. Твојов потег Павле, е за поздравување, но имај на ум друг пат кога смислуваш изговори за негласање, да не биде толку бламирачко како ова вчера. Не дека и досега не знаеше народот што руска мустра си, ама апла нека не е наредниот пат. На новинарите им велиш – поради партиски обврски не си присуствувал во Собранието за време на гласањето за Законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС. Поради партиски обврски бе?! Ха-ха-ха… како ти текна?! Падна смеа овде во визбите на Кремљ кога го слушнавме тоа. Ако не за друго, ама за мајтап те бивало“, потенцирал потсекретарот на заменик-потсекретарката на Путин во брифингот со Трајанов Павле, дознава АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK