Пред неколку дена беше објавена веста дека на наводните вдовици на руските борци од Донбас им биле подарени бунди. Сепак, дел од учесниците на снимката за „Инсајдер“ изјавиле дека по снимањето, бундите им биле одземени.
Неколку учесници на видеото ги споделија своите искуства од снимањето.
Користеле статисти
Според жените, кои сакале да останат анонимни, некои од нив биле статистки, поканети да глумат вдовици пред камерите. Меѓутоа, кога снимањето завршило, организаторите им ги зеле палтата на сите учеснички, вклучително и на вистинските вдовици. Во меѓувреме, според украинските медиуми, овие бунди биле украдени од продавица во Херсон.
„Ова е помошта што ја добивме денеска. Ние сме многу благодарни. Ви благодарам од срце. Некои од нас можеби не ни замислувале дека ќе добиеме ваква подароци“, изјави една од жените во видеото, а снимателот на видеото нагласи дека подароците ги доставиле „руските активисти на нашиот главен град“.
Една од жените во видеото за „The Insider“ изјавила дека не е вдовица, но се согласила да се појави пред камера за да ѝ дадат бунда. Иницијативата ја организирале поранешниот министер за одбрана на Доњецката Народна Република и соработник на блогерот Игор Стрелков, Евгениј Скрипник кој го снимал видеото, сопругата на Стрелков, Мирослава Регинскаја и извесна Олга Васиљева. Познато е и дека тој е автор на кампањата за финансиска помош. Воените вдовици добија еднократна исплата од 10.000 рубли со услов, да бидат фотографирани.
«Не думали, что будет такая возможность».
«Русский актив Москвы» подарил шубы вдовам военнослужащих из аннексированной ДНР.
Видео: Евгений Скрипник pic.twitter.com/2kJR70m2Mx
— Холод (@holodmedia) February 8, 2023
Стандардниот натпис над секоја фотографија гласи: „Благодарение на придонесот на нашите пријатели, успеавме да обезбедиме финансиска помош од 10.000 рубли на вдовицата на херојот на Новорусија“.