Граѓаните велат дека провизиите на банките ги забележуваат, информирани се дека се плаќа, но се воздржуваат од коментар бидејќи нема што да се прави, секој месец се плаќаат трошоци за струја и вода и останати услуги и гледаат да платат таму каде што и земаат помалку провизија, пишува „Бриф“.
-Некоректно е. Еве сега плаќав за струја, и на секоја сметка ми земаа по 50 денари. Дури и ако е сметка е 200 денари, пак треба да платиш 50 денари, а на банкомат не плаќаш, вели еден граѓанин, кој ја користи трансакцискта и за подигање на пари, и и за тоа му земаат 50 денари.
-До вчера беше 30 денари, денес ми велат 50 денари. Сметки плаќаме секој месец, сите тие давачки преку банка и годишно тоа се многу пари.
-Тоа се одлуките на банките. За штедни влогови даваат некоја 0,05 проценти. Што е тоа?! Но, еве ај да речеме дека ти ги чуваат да не ти украдат, вели нашиот соговорник.
-Нашите пари се кај нив, изгледа дека е ситно, но кога ќе се собере на голем број корисници веројатно добар прилив имаат, вели друг наш согворник.
-Сега излегувам од банка, имав некој штеден влог и прашав дали имам некоја камата, ми рекоа дека нема ништо, вели уште еден наш соговорник.
Целиот материјал на следниот линк!