Голема е нервозата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ затоа што по кој знае кој пат им пропаднаа сите најави за ново мнозинство, за наводни предвремени парламентарно мнозинство. До кој степен е дојдена нервозата во ВМРО-ДПМНЕ показател е и вчерашниот говор на координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој јавно од говорница навреди жена, навреди родилка, изјави на прес-конференција, Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.
„Родилка која бара правда за лекарска грешка Мицевски ја нарече „демонтирана“ и „половина жена“ на говорница од Собрание, се со цел да се купи уште малку време. Ова е недостојно, нехумано и ниско, недолично од страна на било кој пратеник, особено координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Добро е тоа што Мицевски веднаш ја сфати грубата грешка и се извини но бараме пратеничките и пратениците од сите политички партии, особено од ВМРО-ДПМНЕ да ги осудат овие навреди и да побараат ваквите навреди да не се повторуваат никогаш повеќе“, изјави Калеска Ванчева.