„Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени, постигната е голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата“, вели утрово во своето соопштение СДСМ
„Одлуката на Судот во Стразбур е важна затоа што покрај другото, не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.
ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, а аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.
Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доврши сите кривични постапки кои се во тек.
Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите“, се додава во соопштението.