ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Да беше Геринг амнестиран, сојузниците ќе можеа да му се фатат за морфиумот

February 18, 2023 19:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Анамнестија

Да била Каракамишева на местото на Ева Браун таа можела да го замоли фирерот да прогласи амнестија на сите нацисти, на сите есесовци, ајхмановци, химлеровци, на сите менгелиња. Но, глупачата, мислам Ева, Тања е паметна и убава женска, ги остави луѓето на милост и немилост на Нирнберг и другите сојузнички судови.

Да беше Геринг амнестиран, сојузниците ќе можеа да му се фатат за морфиумот.

А можеби и за нешто друго.

Да не беше македонскиот народ, кој на изборите по драматичното искуство со вморонскиот режим на Груевски и по бомбите на Заев, најмногу гласови им даде на тие што единаесет години го ебеа, пљачкаа и обесчестуваа, од државата и нацијата му направија сукало за месење на злосторнички пити, комплетното (не)правно наследство на злосторничкиот потфат требаше да биде суспендирано односно прогласено за неважечко и исфрлено од првниот промет. Сосе персоналниот состав на сите правосудни инстанци. Затоа што тоа беше злосторнички сетинг за една злосторничка инсталација со злосторнички потфат. Тоа не беше правен систем. Тоа беше систем за реализација на злото. Во функција потоа можеа да се враќаат само одделни закони за да може да функционира државата и потоа да се носи нова регулатива, обаче, не беше така, македонскиот народ им ги даде на лудаците лисиците со кои и денеска им ги блокираат колите, а тие викааат уа за власта која не им ги симнува и вика ура, демек вмро ќе ги спасат од бугаризација и од европска асимилација. Еј. Јас не верувам, но на обнадежените можам да им кажам дека и да не ве бугаризираат ќе ве идиотизираат, а тоа е многу полошо од бугаризацијата.

Така и се случува.

Апсолутизирањето на амнестијата е апсолутизација на злото.

Тоа е прочитано во Стразбур.

Нема помилувања.

Амнестијата што била дадени без правна основа па повлечени контра правната основа која во меѓувреме е полууфрлена како дел од планот за спас на злото, е заебавање со правото и тешка злоупотреба на државните системи.

Тоа е пљачка на правото за спас.

Нема помилувања.

Има судски процеси во кои дури и злото може да ја докаже својата невиност.

Ова искуство покажува дека е потребен подлабок ремонт на парламентарниот и правем поредок.

И на културниот.

Ако луѓето сакаат да живеат во уредена средина.

А не да седат на брегот на реката со пиво и чварки и да викаат по власта и владата на кои претходно ѝ ги врзале рацете.

Или да појдам да се договорам со Стево јас да ја опљачкам Македонија, па да ја кренам во воздух за да ги скриеме трагите, да ликвидирам сто и кусур чипирани идиоти, да пратам сто специјалци да изгинат во некое диво насеље, да си го купам крстот и сатурнот на Водно, а тој да ме амнестира, пред да дојдат да ме приберат кај Марјанчо.

Аболиција за Кикифрики

Стразбур реши како што реши, но јас не сум Стразбур, јас решив да го аболирам господинот Кикифрики, без право на жалба од негова страна или на пишманење од моја.

Кики, драг мој Фрики, мојата одлука има два големи збора: Живеј бе!

Од јажето со кое непријателите на слободната мисла и на пишаниот збор сакаа да те обесат, јас ќе направам оглав за мојата кобила Сузи.

Не, не, немој да ми се заблагодаруваш.

Не сакам да ме облее чувството дека сум направил нешто корисно.

Тоа знае да ме измачува.

Твоето зло е толку големо што може да се прости и надмине само како чист подвиг на духот.

Без додавки и одземања.

Без квалификации.

Само чиста, благородна, божествена, милост.

Советувалиште за болните од Стразбур

Прв состанок на Комисијата за помош на лицата на кои одлуката на судот во Стразбур им го растури светот на последните надежи. За оние кои таа одлука ја доживеаја не како меѓународен праворек туку како отворање на подот под нозете на човекот со јаже околу вратот. Ние ќе им помогнеме да сфатат дека нема место за такво драматизирање. Примариус доктор Рафајловски, неурохирургот Тричковски и анестезиологот Поповски ќе сторат сè за здравјето на погодените. Злосторствата се документирани, аболицијата не важи, одговорност за сè мора да има, но никој никого нема да беси. Ќе им покажеме дека таа проекција е автономна рефлексија на нивната потсвест во која се стационирани сите информации за злоделата што ги правеле, а и денеска продолжуваат да ги прават. Советувалиштето за болните од Стразбур ќе работи секој ден од 12 до 14 часот. Прво ќе ја прегледаме професорката Каракамишева. Сите други можат да подигнат бројче и да добијат свој термин.

Победа

Стразбур ја отфрли тужбата на злосторниците против Македонија. Односно ја прогласи аболицијата на Иванов за неважечка.

Тоа е победа на правната држава.

На нормалноста и модерноста.

На институционалноста.

На правната моќ и на моќта на правото.

Второ, тоа е пораз на обидот на вмро-дпмне со квазиправни интервенции да ги спаси најодговорните злосторници во своите редови од прогон. Таква беше смислата на изнудената одлука на Уставниот суд во врска со прогласувањето на повлекувањето на членот на кој се беше повикал Иванов, за неуставно.

Трето, одлуката на Стразбур можеме да ја толкуваме и како потврда на приватната ординација во што режимот на Груевски и вмро-дпмне го беа претвориле правниот систем во Македонија.

Четврто, одлуката покажува од колкаво и какво значење се интегративните процеси на Македонија, одлепувањето на Македонија од самата себе, арбитражната улога на повисоките инстанци кои можат да ги отстранат дефектите кои произлегуваат од балканскиот менталитет на злоупотреби, политички корупции и инцестуозни и фамилијарни констелации.

Петто, одлуката го исфрла вмро-дпмне во неговата мицковистичка варијанта како мртва школка во песокта, како антидржавен елемент, субјект на злото, на хаосот и катастрофата, на толкувањето на правото како сервис на партијата и ништо повеќе.

Оваа победа тие ќе ја прогласат за манифестација на светскиот заговор против Македонија, хахаха, но нормалното мнозинство може да ја одбележи со Шарен концерт, хахаха, на народни песни, игри и ора и по нешто рок, ејси диси ту сам како си, и на крајот Бетовен или Ками Сен Санс, Ораториум за Ное.

Нешто такво.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Ковачевски на тркалезна маса за Западен Балкан на Минхенската безбедносна конференција

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk