Домашниот енергетски сектор, во време на светска енергетска криза, работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво, соопштуваат од СДСМ.
„Во јануари годинава, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи, што не беше случај досега, кога се увезуваше во просек околу 30 отсто од струјата .АД ЕСМ деновиве произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години.
Компанијата на почетокот на оваа година произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021 година.
Има и извоз на струја, што овозможува дополнителен девизен прилив.
Светската енергетска криза предизвика за првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата да се во функција и да произведуваат енергија.
Ангажирињето на сите капацитети за домашно производство на електрична енергија придонесе цената на струјата да не се зголемува.
Со воведувањето на блок тарифите цената на струјата е намалена кај 70.000 мали компании на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“, се наведува во соопштението од СДСМ.