ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Петровска до припадниците на Армијата: Во Турција ги испративме најдобрите

February 20, 2023 16:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, претседателот Стево Пендаровски, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, г. Хасан Мехмет Секизќок и началникот на Генералштабот генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски го пречекаа Армискиот тим за заштита и спасување, кој учествуваше во хуманитарната спасувачка операција во регионот Кахраманмараш, во Турција.

Претседателот Стево Пендаровски, им се заблагодари на припадниците за нивната храброст, професионалност и доследно извршување на задачите во пребарување, пронаоѓање и спасување на настраданите и рече дека нашата армија беше меѓу првите пет кои пристигнаа на лице место практично 24 часа по земјотресот.

Министерката Петровска ја поздрави пожртвуваноста и подготвеноста на припадниците, при што во свое име, во име на министерството, Армијата и граѓаните, им се заблагодари на припадниците на баталјонот за специјални намени.

„Во една ваква комплицирана и навистина тешка задача: извлекување и спасување на она што можеше да се спаси, одлучивме дека треба да ги испратиме најдобрите, најобучените, најподготвените. Ви благодариме што го спасивте младиот Сулејман и што му дадовте шанса да порасне во успешен млад човек. Ви благодариме за вашата пожртвуваност и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и да им помогнете и на пријателите кога ќе се најдат во неволја.“ – рече Петровска.

Министерката Петровска најави дека сите припадници вклучени во хуманитарната спасувачка операција ќе бидат наградени со исплата од една просечна плата, потенцирајќи дека она што армиските припадници го имаат во своите срца е непроценливо, и дека со секоја завршена мисија не прават горди.

Амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, г. Хасан Мехмет Секизќок изрази благодарност кон целото македонско општество кое веднаш реагираше да помогне на турскиот народ и го истакна ангажманот на припадниците на Армијата кои храбро се вклучија во активностите за заштита и спасување.

„Храбри чеда на македонската армија, вие пред скоро време се вративте во земјава, но вашата пожртвуваност и огромна солидарност е врежана длабоко во меморијата на турскиот, народ кој ќе се сеќава вечно.“

Армискиот тим за заштита и спасување, кој учествуваше во хуманитарната спасувачка операција, беше во состав од 60 припадници, и 2 службени кучиња обучени за трагање.

Tags: Васко ЃурчиновскиРепублика ТурцијаСеверна МакедонијаСлавјанка ПетровскаСтево Пендаровски
Next Post

Зеленски за „Велт“: Ако Кина влезе во сојуз со Русија, ќе има светска војна

НАЈНОВО

На студот, заедно со жртвите

August 19, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Студенти и граѓани ја блокираа зградата на судот во Нови Сад

August 19, 2025
Фото: Скирншот, АП

Што изјави Зеленски по состанокот со Трамп и европските лидери

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk