При засилената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден се санкционирани 517 возачи.
Како што информираат денеска од МВР, од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час побрзо од дозволеното. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР.