ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земи цевку и работи! – Од корен треба да се чисти злото, Латас е само капка во морето

February 20, 2023 14:59
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Легендарната реплика од „Среќна нова 49-та“ , „Земи цевку и работи!“ е идеална аналогија на примитивната изјава на Латас во интервјуто кај некој јутјубер Лазаров, која комплетно ја скандализираше јавноста. Со таква леснотија и веројатно концепт дека ќе излезе супермаскуларен, шармантен олдфешн фраер, тој за своето прво сексуално искуство раскажа дека го сторил по „налог“. Во фичото имало жена на која „сите и се ределе“ па и он морал: „Ми рекоа, влагај и работи, и ја шо да праам“.

За сексуалната не знам, но целата негова новинарска кариера подоцна се одвива на истиов начин. По налог, и со насилство.

Речиси и ги заборавивме сите гадости и коментари на „великиот“ новинар што ја труеше јавноста преку вестите на Сител, и еве го, во центарот на вниманието повторно. И секако, гнасно, недолично, несовесно.

Ајде да одиме по ред.

Неговата неодговорност како човек од медиумите сме ја виделе, но овој пат без трошка разум, своите сељачки тези ги пласира кај јутјубер кој веројатно го следат илјадници млади луѓе. За ступидноста на јутјуберов не е потребно да се коментира, тој е производ на безвредносната инстант инфлуенс или селфи култура, сѐ на сѐ, ординарни глупости што ни ја трујат младината.

Но, „новинаров“ на кој, за огромна жал, за дел од јавноста е некаков авторитет, се излета како напален тинејџер. Можеме да релативизираме и да спориме дали „реденката“ е  чин на масовно силување, или пак не, ама едно е сигурно, тој зборува за насилни „машки игри“ на психопати што се палат на шамари. И за ова институциите треба да поведат сметка.

Чекајќи ги надлежните да го истражат или пак квалификуваат чинот за кој со гротескна насмевка раскажа Латас, здруженијата на граѓани за заштита на човековите права излегоа со осуда. И ова беше доволен мотив, Латас наместо да се засрами, повторно глупаво да се обиде да го спинува настанот, начин на кој ги правдаше и крвничките злодела на режимот на Груевски. Да политизира, навредува, „соросоиди“, „политичка одмазда“ итн, зборови што би ги вметнувал и ако зборува за економија, општество, што и да е. Среќа не го краси некоја елоквентност и препелкајќи се да се извади, потона во жива кал.

Според него, овие организации се склони да пропагираат девијации борејќи се против родово базирано насилство (кое секој месец има по некој фатален исход на фемициди), или пак за правата на геј заедницата, а тој е вистински маж кој ете само „се истресол“  на некоја што истото „сама си го барала “. А тој, ете,  ќе не врати на традиционалните вредности – тепање и понижување на жени.

Овој наратив на грозоморни ретроградни, па и психотични изјави мора да биде итно санкциониран. Јавната осуда е првиот чекор. Локалните тепачи како оние во „Среќна нова 49-та“, локални фрустрирани моќници, кој својата немоќ ја изразуваат со доминација врз жените и нивно омаловажување, треба да останат во минатото, а секој обид да се оживее „традицијата“ да се сосече во корен. Ако е потребно и со цевка.

Епидемијата на саморазобличување на некои „новинари“ се шири и се надевам ќе кулминира, за да се исчистат од медиумскиот простор, заборавени како бледи и штетни сцени од лоши филмови.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од НоваТВ

Next Post
Жаклина Лазаревска. Фото: лична архива

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните, не се заборава заробената држава, грабежот и спомениците

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk