Кусиот прозен запис насловен „Мајка“ на Томислав Османли деновиве беше објавен на македонскиот портал окно.мк. Станува збор за расказ напишан во потресната атмосфера по катастрофалниот земјотрес што погоди широк регон и опустоши повеќе градови во Турција и Сирија со близу четририесет илјади човечки жертви.
Поттикнат од најновата земјотресна трагедија, авторот пишува за едно специфично поземјотресно спасување од под урнатините регистрирано на видео. Видеото не е од најновиот, туку од еден претходен разорен земјотрес, но документаризмот на пристапот, самата тема и заклучните пораки, на овој прозен запис му обезбедуваат поширока актуелност.
Така, „малиот земјотресен расказ“, на македонскиот писател доби поширока медиумска препознатливост, со што уследија и повеќе негови објави. Набрзо по македонска, со ангажманот на хрваскиот писател и преведувач Никола Шимиќ Тонин и на Хрватско-македонската тангента и нејзиниот прв човек, нашиот сонародник Сашо Георгиевски кој живее и работи во Република Хрватска, уследија повеќе објави во Хрватска: со насловот насловот „Kratka (potresna) priča“ на веб-страниците на порталот „Tris“ („Neovisni novinarski portal“, дел од Здружението за промоција на цивилното општество, медиумска култура и размена на информации од Шибеник) што го уредува Даворка Блажевиќ, позната хрватската новинарка од редовите на сплитска „Слободна Далмција“ ( Kratka ( potresna ) priča: Majka).
Расказот на Османли се појави на електронските страници на порталот „Hrvatski glas Berlin“ (MAJKA – Hrvatski Glas Berlin (hrvatskiglas-berlin.eu ) што се појавува во германсата нетропола, како и на хрватското списание за литература „Kvaka“ што се публикува во електронско како и во печатенo изданија, во кое преходно беше објавен расказот на Османли „Смук.
Сторијата „Мајка“ ја публикува реномираиот црногорски весник „Побједа“ од Подгорица, како и босанско-херцеговскиот блог „Književni kutak“ со седиште во Сараево.
Од друга страна, расказот кој авторот го преведе на грчки и на српски јазик, објавен е алтернативниот српски портал „Kontrapress“од Белград каде нашиот писател веќе објавил три свои бележити прози, додека угледното грчко списание „Енекен“ со кое Османли често соработува, од Солун што го уредува активистот, писателот и издавач Јоргос Јанопулос, ќе го објави расказот на македонскиот авотр во првиот нареден печатен број.