Денеска до 10 часот е пријавено дека на електронските адреси на 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.
Учениците и наставниците се евакуирани, а екипи на антитерористичките единици на МВР ќе извршат контрола врз објектите.