Вчера, македонската јавност беше сведок на ослоботителна пресуда, која ја добив во процесот „Кампања“. Пресуда на која претходеше меѓународна пресуда од Судот за човекови права од Стразбур, пишува на својот Фејсбук профил Љубе Бошковски – лидер на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи во владата на Никола Груевски.
„Пресудата од Старзбур и пресудата од македонскиот суд потврдија дека е повредено моето право и дека цели пет години, како и во другите судски процеси што се водеа против мене, невин лежев во затвор. Не сум изненаден каква човечка кукавица е бегалецот од Будимпешта, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, го остави најсветото“, пишува тој.