Четворица демонстранти се уапсени откако насликаа огромно украинско знаме од 500 квадратни метри на патот пред руската амбасада во Лондон, пренесува Њузскај.
Организирани од кампањата „Led By Donkeys“, на демонстрациите се гледа како луѓето ги истураат симболичните бои преку асфалтот користејќи колички.
Возачите и велосипедистите се обидоа да ја избегнат бојата, додека еден од демонстрантите држеше знак на кој пишуваше „возете полека“.
„Утре е првата годишнина од империјалистичката инвазија на Путин врз Украина. Спротивно на она што го тврдат рускиот диктатор и неговите апологети, Украина е независна држава и народ со секое право на самоопределување“, се вели во соопштението на групата.
„Постоењето на масивно украинско знаме пред неговата амбасада во Лондон ќе послужи да го потсети на тоа“, додаваат тие.
Подготви: А. Р.