ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при закани за поставени бомби

February 23, 2023 15:07
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзиотетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Министерството за образование и наука до директорите на училиштата во земјава испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.

МОН им укажува на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

Александар Ангелковиќ, четврта година во гимназијата „Георги Димитров“, смета дека дојавите за бомби и загубените часови се голем проблем, особено за матурантите зашто ова е период кога треба да се подготвуваат за државната матура.

-Имаше пандемија од корона, па протест од професорите, но „бомбите“ се покажаа како најголем предизвик. Се надевам дека ова навреме ќе се преброди за соодветно да се реализира наставата и матурата и дека МОН и другите надлежни институции ќе дадат некое решение кое доцни. Би било добро да се земе помош од нашите партнери во НАТО и Европската Унија за да може да се преброди овој доста сериозен проблем, изјави Ангелковиќ, според кого одлуката за онлајн-настава ја носат надлежните и дека ако таа е единствена алтернатива верува дека ќе успее.

Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој учествуваше на трибината „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“, одговарајќи на прашањето какви идни студенти ќе има државава поради загубената настава во средно образование, рече дека тоа ќе се одрази, но дека пропуштеното може да се компензира.

-Мислам дека наставниците се ќе направат за да го надоместат изгубеното. Секако дека онлајн-наставата не е заборавена, УКИМ ја користи и за разни други намени. МОН треба да има стратегија за ова и мислам дека се подготвува за друг модалитет за настава ако овие работи се повторуваат. Но, секоја стратегија не е лесно да се направи, тоа си бара време и верувам во постоечката гарнитура на МОН дека бргу ќе се справи со овој предизвик, рече Јанкуловски.

Проф. Марјан Ѓуровски смета дека треба да се размислува за комбинирана настава и да се разгледаат опциите поголем дел од наставниот процес да се врати на настава на далечина.

-Не смееме како општество да седиме со скрстени раце и само да вршиме проверка на дојавите на бомби, физички да ги изнесуваме учениците и потоа да ги враќаме назад затоа што овој проблем има два аспекта – безбедносен и образовен. Сметам дека е време државата да ги разгледа сите варијации и опции за поголем дел од наставниот процес да се врати на електронското учење. Бидејќи ако оваа динамика продолжи, сериозно ќе биде доведено во прашање начинот на пренесување на знаењето и проверката кај учениците од основно, средно образование, но и кај студентите. Затоа треба да се разговара кај надлежните, во МОН и во сите други во овој сектор, да изнајдат механизам за комбиниран начин на изучување и проверка на знаењата, бидејќи знаењето сериозно ќе биде доведено во прашање ако имаме недостаток во образовниот процес, рече Ѓуровски.

Tags: закани за бомбиМОННасоки
Next Post
Русите го претворија Бахмут во урнатини

Досега Украина има регистрирано 71.000 воени злосторства

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk