ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Герасимовски: Инсталираме централи со моќност од 2.44 мегавати, поврат на инвестицијата е 4,5 години

February 23, 2023 13:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Енергија Центар“ е називот на трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори чие формирање го изгласа вчера Советот во Општина Центар. Станува збор за општинско претпријатие кое ја овозможува и олеснува процедурата и постапката за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти под надлежност на општината. Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Општина Центар ќе врши дејности врз основа на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека месеци наназад општината и тој како прв човек на општинската администрација остварил бројни средби со експертски тимови и стручни лица при што се водело сметка за сите детали пред да се стави точката на дневен ред.

„Баравме начин како да го формираме претпријатието, дали да биде Јавно претпријатие, дали да биде трговско друштво, колкава инвестиција бара, за колку време се враќа, кои се ризиците и бенефитите. Ние првично бевме со идеја да поставиме фотоволтаични централи само за сопствени потреби. Меѓутоа сите овие анализи, на сите овие состаноци, стручните тимови и експертите ни даваа насока да и покрај сопствените потреби и имањето големи вишоци истите да се продаваат. Идејата беше да покрај покривањето на трошоците за електрична енергија да се оствари и профит од тоа. Бидејќи самото трговско друштво нема средства при формирањето затоа издвоивме околу 3 милиони денари за да отпочнеме. Баравме начини и како да се скратат трошоците при стартувањето затоа со него ќе управува човек кој во првата година ќе го води процесот без никаков надоместок. Дополнително, дел од канцелариите во катната гаража ќе ги приспособиме за првично функционирање на претпријатието за да не се трошат пари за кирии преку најмување на канцелариски простории. Се разбира не можеме првата година да ставиме фотоволтаици на сите објекти но планот е да се отпочне и да почне да функционира понатаму претпријатието. Исто така од сите средби со експертските тимови, нивните анализи ни покажуваа дека за брзо време финансиските средства се враќаат “, рече Герасимовски на вчерашната седница.

Економските анализи за оправданоста за формирање на трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија на која се повикува градоначалникот Герасимовски е водена од Драган Миновски, професор на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со негов тим на професори, магистранти и магистри од Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Факултетот за електротехника и информациски технологии „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. За потребите на проектот се користел Софтвер за 3D симулација (PV*SOL premium) за проектирање на фотоволтаичните системи на јавните објекти и генерирање на податоци за часовно и годишно производство на електрична енергија од истите, месечна потрошувачка на електрична енергија на јавните објекти, стандардна распределба на потрошувачка на електрична енергија и алатка за финансиска исплатливост на проектите.

Според спроведената анализа, вкупната максимална инсталирана моќност на сите детски градинки, основни училишта во Општина Центар и ЈП ПОЦ е 2.44 мегавати, додека вкупната инвестиција за инсталирање на фотоволтаични системи со максимална инсталирана моќност е околу 1.755.000 евра.

Просечната исплатливост на проектите за поставување на фотоволтаични системи со максимална инсталирана моќност на сите анализирани јавни објекти во Општина Центар со 100% сопствено учество е 3.77 години, додека просечната исплатливост на проектите за поставување на фотоволтаични системи со максимална инсталирана моќност со 70% кредит и 30% сопствено учество е 4.34 години.

Важно е да се напомене дека трошоците на општината на годишно ниво би се намалиле од 1.765.000 евра на 644.000 евра или околу 63% земајќи го во предвид производството и продавањето на вишоците електрична енергија. Исто така со поставување на фотоволтаични системи се избегнуваат околу 1.500 тони јаглерод диоксид на годишно ниво.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Енергија Центар“Герасимовскиобновливи извориОпштина Центар

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk