Северна Македонија се придружи на санкциите на ЕУ наменети за Демократска република Конго, соопштија денеска од Советот на ЕУ.
-Земјите кандидати Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Република Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска заедница, се приклучија на санкциите против Демократска Република Конго, стои во целосното соопштение.
Земјите се обврзале да ги приспособат своите национални политики на одлуките на Советот.
-Европската унија ја забележува оваа заложба и ја поздравува, се наведува во соопштението.