ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска – Јеоп Сон: Координирано да работиме за надминување на поделбите по сите основи

February 24, 2023 21:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска оствари средба со регионалната директорка на Канцеларијата за координација на развојните агенции на Обединетите Нации, Гвин Јеоп – Сон и со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.



Вицепремиерката Грковска се заблагодарила за поддршката што организацијата на Обединетите Нации и ја дава на Република Северна Македонија во изминатите 30 години, особено за клучни прашања од кои зависи развојот и напредокот на државата.

На средбата се разговарало за потребата регионот на Западен Балкан заеднички и кординирано да работи на надминување на поделбите меѓу граѓаните по сите основи, како и на поголема вклученост на младите во креирањето на активни политики за справување со корупцијата и градење на ефикасен систем кој нуди шанси и можности врз основа на квалитетот и знаењето.


Вицепремиерката Грковска информирила дека нејзиниот Кабинет особено е фокусиран на работата со младите, кои како што подвлекла, заедно со жените се носители на промените.

Регионалната директорка на Обединетите Нации, Јеоп Сон нагласила дека приоритетите на Северна Македонија за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија се во директна синергија со целите за одржлив развој.

– На состанокот се отвори и прашањето за координиран пристап и спротивставување на говорот на омраза, прашање кое станува проблем речиси во сите земји на регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на Грковска.

Извор: МИА

Tags: Грковска - Јеоп СонОНсредба
Next Post

Руската војна против Украина ја запечати западно-европската иднина на Западен Балкан

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk