Шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе аудио-разговорите, видео-снимките и транскриптите.
Од Обвинителството посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.
„Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување. Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела истите да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности“, навеле од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија.