ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државнички церемонии во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски

February 26, 2023 13:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владини делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Со високи државни почести, 19-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски беше одбележана во Скопје, во Алејата на великаните во Бутел.

Цвеќе положија и оддадоа почит прво сопругата на загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, а потоа и делегација од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, предводена од претседателот Стево Пендаровски, делегација од Собранието на Северна Македонија предводена од потпретседателот на Парламентот, Горан Мисовски и составена од пратеници од владеачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието.
На вечното почивалиште на загинатиот претседател Трајковски, положи цвеќе и оддаде почит владина делегација во состав на Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.
Во Алејата на великаните во Бутел цвеќе положија и одадоа почит од делегација на Армијата на Северна Македонија предводена од генерал-мајор Азим Нуредин, заменик началник на Генералштабот; делегација од Сојузот на борци од НОАВМ, предводена од потпретседателот на Сојузот, Наум Буревски; претставници од фондацијата „Борис Трајковски“; повеќемина претставници од дипломатскиот кор во земјава, како и претставници на парламентарни политички партии во државава.
Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица. На споменикот на поранешниот претседател Трајковски во неговиот роден град, цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Борче Хаџиев, директор на Бирото за јавни набавки.

Државничка церемонија ќе има и во Ротимље, организирана од институции од Босна и Хецеговина и Северна Македонија, каде ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит: делегација од Владата на Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и Екрем Ебиби, амбасадор на Северна Македонија во Босна и Херцеговина и претставници од Амбасадата и претставници од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Како и секоја година, при одбележувањето годишнина од трагичниот настан во Ротимље, што се случи на 26 февруари 2004 година, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе и делегација на Босна и Херцеговина, годинава предводена од Ненад Нешиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, како и делегација од Град Мостар.
Tags: борис трајковскивладина делегацијадржавнички церемонии
Next Post

Шкријељ: Се исполнува ветеното, од март минимална плата над 20.000 денари

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Срамна партизација, хаос и културна деградација во режија на ВМРО-ДПМНЕ

February 2, 2026

Филмот „Срам и пари“ ја освои главната награда на Санденс!

February 2, 2026

(ВИДЕО) Прв поглед на трејлерот за култниот моден хит „Ѓаволот носи Прада 2“

February 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Томашевиќ: Нема да има дочек на хрватските ракометари во Загреб поради несогласувања околу настапот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 2 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави тужба за водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ќе испратат чекови за неколку минути“: Трамп тврди дека може да ја спаси ОН од банкрот со еден повик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: Зголемен прагот на толеранција за брзината за системот Безбеден град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk