ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Герасимовски: Преку вклучување на децата Роми во градинките ја зголемуваме социјализацијата и интеграцијата во општеството

February 27, 2023 12:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар и оваа година запишува до 20 дечиња од ромска националност во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“. Овој проект општината го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика од 2011 години и по овој повод градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваше на презентација на постигнатите резултати од спроведувањето на проектот.

Станува збор за упис до 20 дечиња од 3 до 6 години кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на кои општината им ги покрива месечните трошоци за посетување на градинката Ј.У.Д.Г. на О.Ц. Раде Јовчевски Корчагин.

„Општина Центар работи на инклузија во образованието вклучувајќи го и предучилишното образование со цел да се надминат стереотипите и предрасудите во градинките, социјализација на децата уште од рана возраст и учење на македонскиот јазик на децата кои ќе ја посетуваат градинката. Преку учество во овој проект исто така работиме на отстранување на бариерите за пристапот на децата Роми до предучилишните установи со цел да се намали јазот помеѓу Ромите и останатите етнички заедници во делот на образованието. Нас особено ни е важно да ја зголемиме свеста и кај родителите на децата Роми и да ја истакнеме важноста за раниот детски развој и подоцнежното образование како единствена алатка за успешна интеграција во општеството“, истакна Герасимовски.

Герасимовски исто така истакна дека особено е важно што децата Роми воспитно образовниот процес го следат интегрирани заедно со другите дечиња кои ја посетуваат градинката. Образованието во раното детство ја има клучната улога во развојот на децата и носи позитивни социо-економски ефекти врз целото општество.

Општина Центар ќе продолжи да ги подржува проектите за инклузија и еднаков пристап до воспитно-образовниот процес.

Tags: ГерасимовскидецаОпштина Центарроми
Next Post
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

„Индекс“: Мицкоски со „методот" наследен од Груевски се обидува да ги замолчи медиумите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Би-Би-Си: Како Русија ги избегнува западните санкции за нафта – „Флота во сенка“ и „зомби танкери“

November 13, 2025

ЕП ја поддржа климатската цел за намалување на емисиите на штетни гасови за 90 отсто до 2040 година

November 13, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија планира да покрене голема агресија врз Европа во 2029 или 2030 година

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk