Жал ми е што Алтернатива се одлучи на презентација на идеја каква што е Заедницата на албански општини во земјава, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостувањето во ТВ24.
-Таа идеја ниту е сериозна, ниту може да се разгледува како сериозна. Ние ова го решивме со Охридскиот договор кој дури е дел од Уставот. Со законот за децентрализација нас тоа ни е решено. Заедницата која се предлага за Косово е дел од мировниот пакет за решение, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот оцени дека идејата се презентира за политички поени.
-Тоа е многу опасно и го поткопува столбот на Рамковниот договор, но и како столб на мирот и стабилноста во регионот, како што го дефинираше американската Влада Охридскиот договор. Се поткопува и постигнувањето мировно решение меѓу Косово и Србија, кажа Маричиќ.