Кога зборувате за криминал, треба да имате образ и да се потсетите дека вашиот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра и тоа не го кажувам јас, тоа го кажуваат портали на кои вие како политичка партија нарачувате текстови, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски на денешната собраниска седница.
-Како трупа имот Мицкоски во Скопје, Охрид или Црна Гора?, рече Каевски.
Каевски посочи дека во говорите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ има голема горчина, затоа што тие биле излажани од Христијан Мицкоски.
-Прашањата што овде ги слушаме со денови, не треба да ги насочите кон парламентарното мнозинство, туку да ги насочите кон вашиот партиски лидер. Треба да го прашате зошто ве лажеше дека ќе има ново парламентарно мнозинство, дека час поскоро ќе има парламентарни избори. Треба да го прашате зошто играше во вас, за вие тука да зборите за се и сешто додека тој трупаше имот? порача Каевски обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски запраша дали причината што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со денови ја замајуваат јавноста, е за тој да може на мала вата да трупа имоти и во Црна Гора и во Охрид и во Скопје.