ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска ‒ Павлова: Првата национална стратегија за зелени финансии е во завршна фаза

February 28, 2023 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е во завршна фаза на изработка на првата национална стратегија за поттикнување на зеленото финансирање. Стратегијата предвидува голем број активности коишто ќе придонесат за справување со ефектите од климатските промени, коишто имаат негативно влијание врз економскиот раст на земјите и инфлациските притисоци. Европската инвестициска банка (ЕИБ) изрази подготвеност преку нивниот консултантски тим, специјализиран за „зазеленување на финансиските системи”, да го поддржи спроведувањето на стратегијата. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, на маргините на форумот на групацијата на ЕИБ „Приспособување на светот што се менува”, на кој учествува гувернерката.

Климатските промени се извор на ризици за финансиската стабилност и поради тоа сѐ поголем број централни банки во светот ги вклучуваат зелените финансии во своите цели. Народната банка како општествено одговорна институција се стреми да биде пример и да даде придонес кон создавањето „зелена” и одржлива економија, заради унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и нивниот животен стандард. Оттука, Банката веќе презема низа активности за поттикнување на финансирањето на зелените проекти од страна на банкарскиот сектор, меѓу кои е и изработката на стратегијата за зелени финансии.

Стратегијата за поттикнување на зелените финансии ќе засега повеќе сегменти, како што се финансиската стабилност, банкарската регулатива и супервизија, монетарната политика, истражувањето, финансиските пазари и јакнењето на капацитетите на Народната банка. Некои од позначајните активности во рамките на стратегијата се подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, како и редовни стрес-тестирања за оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени.

Народната банка во изминатиот период започна да гради зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. Од минатата година преку задолжителната резерва, централната банка интервенира за поттикнување на зеленото кредитирање од страна на банките.

Во изминатиот период се забележува напредок во зеленото финансирање во земјава, но сѐ уште има простор за негово унапредување. Народната банка започна со редовно известување за зеленото кредитирање на банките ‒ според последните расположливи податоци се забележува раст за речиси 80% на зеленото кредитирање во споредба со крајот на 2019 година (од кога се прибираат податоците). Во овој период „зелените кредити”, или кредитите за финансирање обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, пораснаа за 0,9 процентни поени како удел во вкупните кредити и сега изнесуваат 3,1%.

Соработката на нашата земја со Европската инвестициска банка датира од 1977 година. Досега, тие поддржуваа развојни проекти во јавниот и во приватниот сектор, коишто имаат за цел да ги подобрат условите за живеење во земјава. Најголемиот дел од проектите се однесуваат на инвестициите во транспортната мрежа, енергетиката, како и водоснабдувањето и третманот на отпадни води, но и поддршка на малите и средните претпријатија преку кредитни линии пласирани преку комерцијалните банки.

Tags: Ангеловска-БежоскаЕИБПавлова
Next Post

Петровска: Чешка е доследен и гласен поддржувач на евроинтеграцијата на С. Македонија

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk