ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025 13:54
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Share on FacebookShare on Twitter

Британската Кралска ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури, којашто „ќе му значела сè на светот“, според зборовите на сестрата на легендарниот пејач на „Квин“.

Монетата, одобрена од „Меркјури сонгс лимитед“, е достапна за купување од страницата на Кралската ковница од денеска – 18 ноември. Дизајнот на монетата го прикажува харизматичниот изведувач во настап, а е придружен со неговиот потпис. Деталите на монетата ја раскажуваат приказната за извонредниот талент на Меркјури преку внимателно изработени дизајнерски елементи, соопшти Кралската ковница.

Новата паричка се совпаѓа со 40-годишнината од концертот „Live Aid“ што се одржа во 1985 година, како и 40-годишнината од соло студискиот албум, „Mr Bad Guy“ на Меркјури.

Сестрата на парси-британскиот пејач роден како Фарук Булсара – Кашмира Булсара ја посети Кралската ковница за да ја испечати првата паричка.

– Издавањето на првата монета во Кралската ковница беше толку емотивен и горд миг за мене. Фреди би бил апсолутно воодушевен да се види себеси почестен на овој начин и да знае дека неговото семејство е дел од оваа чест и почит. Тој отсекогаш имал таква почит кон британските традиции и институции, и Кралската ковница да го прослави неговото наследство со олку прекрасна уметност – тоа би му значело сè на светот. Монетата совршено ја доловува неговата страст и радоста што им ја донесе на милиони луѓе преку својата музика, изјави Булсара.

Ребека Морган, директорка на комеморативните монети во Кралската ковница на пари, се согласи дека посетата на Кашмира е неверојатно трогателна.

– Тоа го направи овој проект уште поспецијален. Фреди Меркјури не беше само музичар – тој беше сила на природата која ја трансформираше секоја сцена на којашто стапна. Оваа монета ја доловува таа електрична енергија и го слави како вистинска глобална икона чие влијание продолжува да инспирира генерации. Нивото на детали во овој дизајн, од неговиот потпис до музичкото столпче што го претставува неговиот неверојатен гласовен опсег, го прави ова едно од нашите најспецијални комеморативни парчиња.

Колекционерската монета за Фреди Меркјури ја продолжува традицијата на Кралската ковница, со парички што ги слават луѓето кои оставиле трајно наследство на светската сцена. Меѓу досега почестените се Дејвид Боуви, Џорџ Мајкл, Ширли Бејси и Пол Мекартни.

Кралската ковница, исто така, ќе ѝ подари златна паричка на „Меркјури Феникс траст“ (Mercury Phoenix Trust), добротворната организација за борба против СИДА основана во негова чест. Златникот, според најавите, потоа ќе биде продаден на аукција, продолжувајќи ја така и мисијата на Меркјури за поддршка на луѓето погодени од ХИВ и СИДА.

Колекционерските монети ќе може да се купат и во продавницата „Фреди Меркјури стор“. Цените за новите парички со ликот на Фреди Меркјури се движат од 18,50 фунти (за обичната монета од 5 фунти) и 29,50 (фунти за паричка во боја со апоен од 5 фунти), до цена од  144,50 фунти (за сребрена монета во боја од 1 унца со апоен од 2 фунти) и 9.350 фунти – за златна монета од 2 унци со апоен од 200 фунти.

Tags: монетаФреди Меркјури
Next Post

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk