Од 2 март 2023 година започнуваат часовите по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство, известуваат од Агенцијата за иселеништво.
„Задачата да се изучува македонскиот јазик и да се приближи на начин кој ќе биде прифатлив за нашите слушатели е огромна одговорност како за наставниците така и за слушателите и треба кон овој процес да пристапиме со почит и посветеност зашто е дел од нашето исконско битие, суштина и традиција. Со цел да ги одредиме соодветно нивоата по кои слушателите ќе следат настава, би ве поканиле сите заинтересирани слушатели да се приклучите на платформата на ЗООМ на следниот линк во четврток, 02.03.2023 во 19.00 часот (според време во МКД). Овде ќе одредиме кој во кое ниво ќе следи настава, по што ќе следи споделување линкови за соодветните нивоа по одредени денови и термини“, наведуваат од Агенцијата за иселеништво.
Линкот за следење:
https://us04web.zoom.us/j/76169005112?pwd=bmCDMKX4HKZJmw5SzJquJS7cb4T8ar.1
Meeting ID: 761 6900 5112
Passcode: DmreY7