ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По одлуката на Владата, пекарите порачаа: Прво во Службен весник, па прекин на производство на леб

March 1, 2023 08:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори.

Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата порача дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените.

– Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, рече Ковачевски.

Од пекарската индустрија најавуваат дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализира и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко – пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад одлуката да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, изјави Малишиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладалебПекарицена
Next Post

Мастеркард отвора претставништво во Скопје и назначува нов генерален директор за Југоисточна Европа

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk