Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните. Мило ми е што ваквите примери ги има сѐ повеќе, во објава на Фејсбук истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Владата ги субвенционираше компаниите и граѓаните во делот на струјата за да ги заштити од ударот на енергетската криза и од зголемување на трошоците. Помагаме за да се обезбеди нормално функционирање и секојдневие. Целта на субвенциите не е, и не може да биде зголемување на нечив профит во услови на криза.
Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот. Ова е времена мерка со која го штитиме народот од вртоглави цени и ја штитиме државата за да нема злоупотреба на поддршката и за да може и во иднина да се обезбедува помош за компаниите“, пишува Битиќи.