ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Институт за македонска литература и Британска амбасада: Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето

Во првата дебата насловена „Книжевноста како браник на слободата“ се обработија неколку тематски целини: Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Гласот на маргинализираните. Автори во фокус се Јан Мекјуан, Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон, Керол Ен Дафи и Дејвид Херберт Лоренс.

March 2, 2023 16:00
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку дела на култни и современи британски автори кои со својата културно-историска важност одиграле голема улога во креирањето на современите теории и светогледи се адресираат важни општествени прашања: слобода на говор, цензурирана книжевност, глас на маргинализираните, родова еднаквост, уметност, културна продукција, критичка теорија, медиумска култура и друго. 

Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ ја започна својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со првата дебата на тема „Книжевноста како браник на слободата“ која се одржа на 28. 02. 2023 г. во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје.

Авторката и раководителка на проектот, Ана Јовковска, вели дека целта на платформата „Книжевни рефлексии“ е преку културна репрезентација, дијалог и едукација да се раздвижи културата на дебата и да се поттикне активно учество на локалната научна и културна заедница во градењето на слободно, отворено и креативно општество.

Гоце Смилевски и Ана Јовсковска
Гоце Смилевски и Ана Јовсковска

Панелисти во дебатата беа Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, кој во голем дел од дебатата зборуваше на македонски јазик, проф. д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институт за македонска литература, проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор.

Александар Прокопиев, Наташа Аврамовска, Гоце Смилевски
Александар Прокопиев, Наташа Аврамовска, Гоце Смилевски

Во интерактивната дебата учествуваа и голем број писатели, уредници, издавачи, преведувачи и професори меѓу кои: Соња Стојменска-Елзесер, актуелна добитничка на наградата за најдобра есеистичка книга во РСМ за 2022 г., Тодорче Тасевски, директор на Струшките вечери на поезијата, Владимир Мартиновски, универзитетски професор и автор, Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар на македонски јазик, литература и култура при УКИМ и актуелна добитничка на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, Лидија Капушевска-Дракулевска, универзитетска професорка и книжевна критичарка, Ѓоко Здравески од Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), Жарко Кујунџиски, издавачка куќа „Антолог“, Билјана Црвенковска, издавачка куќа „Чудна шума“, Игор Анѓелков, издавачка куќа „Или-или“, Милан Дамјановски, универзитетски професор и преведувач, Јасмина Василева, актерка и други.

Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон. „Во британски контекст книгата која најчесто се поврзува со цензура е „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел. Интересно е да се спореди зошто „Животинска фарма“  и зошто „Љубовникот на Леди Четерли“ од Д. Х. Лоренс биле забранети и во каков контекст. Причината зошто беше забранета „Љубовникот на Леди Четерли“ беше намерата на писателот да даде уметнички израз на најинстиктивните  карактеристики на човековата природа, додека големиот успех на „Животинска фарма“ е тоа што го отвора прашањето за моќта и како таа влијае на меѓучовечките односи, како се користи за манипулација, за пропаганда, во крајна линија и за контрола“, рече амбасадорот Лосон.

Метју Лосон.
Метју Лосон.

Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска посочи дека тоа што денеска го читаме и за што дебатираме зависи од актуелниот комуникациски миг. „Читањето се менува, зависно од парадигмите. Ние денес живееме во тој период на интерпретациски пресврт после 80-те кога политичкото, етичкото и естетското се преплетуваат… ние така и читаме. Нашето денешно читање и нашиот денешен разговор е одреден од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа“, рече проф. д-р Аврамовска.

Писателот Гоце Смилевски се осврна на гласот на маргинализираните преку приказна за дете со аутистичен спектар, преиспитувајќи ги односите на моќ, различност и емпатија. И професорот и писател Александар Прокопиев се надоврза на темите за слобода, пропаганда, цензурирана книжевност, моќта на уметноста, хипнотизирачката забава и политичката контрола.

Модераторката Јовковска најави дека следната дебата, којашто ќе се одржи на крајот од месец март, ќе биде посветена на родовата нарација во британската книжевност, родовата критичка теорија, како и рецепцијата на женските слободи и права во локалната средина.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ана ЈовковскаБританска амбасада СкопјеГоце СмилевскиИнститут за македонска литература

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk