Ретко која ситуација во македонското општество предизвика толку многу силни реакции во јавноста како настаните поврзани со лебот и неговата цена.
Откако први се „истрчаа’’пекарските компании и Владата, на ред дојдоа економистите. Со различни анализи и пресметки, ги спротиставија аргументите кои во голем број од аспектите се дијаметрално различни.
Додека дел од нив сметаат дека одлуката на Владата е оправдана но задоцнета, за други таа е ад хок донесена и погрешно креирана.
Внимателен во искажувањето на својот став, професорот Марјан Петрeски повикува на трпение и расчистување на ситуацијата за да се обелодени дали во позадината се задскриваат евентуални монополски интереси. Фактот кој во меѓувреме останува извесен е несогласувањето со линеарните мерки од кои полза, како што вели тој, имаат тие кои товарот на кризата можат да го сносат самите.
„Тука ги вклучувам и замрзнувањата на цените и на маржите, кои се механизми генерално некомпатибилни со пазарна економија, посебно како нашата каде голем дел од цените се зависни од надворешните случувања. Меѓутоа, замрзнувањето на цените и маржите може да е оправдано кога рефлектира ценовен притисок од практики налик на картелско здружување. Оттука, ако пазарот на леб е конкурентски, тогаш не треба да не загрижуваат било какви најави за неснабдување со леб, бидејќи ако некој не сака да понуди леб, ќе има друг понудувач што тоа ќе сака да го направи – да му дадеме неколку денови за прилагодување. Ако тоа не е случај, тогаш имаме чиста позиција за делување на Пазарниот инспекторат и Антимонополската комисија“, објаснува Петрески во изјава за „Локално“.
Целиот текст на следниот линк!