Денеска во Битола Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари работилница со поддршката на професорката Софија Арнаудова со цел ментално и економско зајакнување на жените. Во работилницата беа вклучени околу 40 жени од ранливи категории на граѓани, информираше Министерството за труд и социјална политика.
Како што информираат од МТСП, професорката Софија ги навела присутните низ вежба да ја раскажат својата приказна, а зборувала за балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот и ја истакнала важноста на психолозите кои можат да помогнат во балансот во животот како и личниот развој.
На работилницата разговарано е за сите форми на насилство, како што се економското насилство, демнење, психичко насилство, физичко насилство.
– Целта на кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика има за цел да го зајакне менталното здравје и да даде придонес во економското зајакнување во насока на постигнување на благосостојба кај жените во Република Северна Македонија, се вели во соопштението на МТСП.