ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција

March 3, 2023 09:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа. Со ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.

Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер”.

„Особено е важно што Катедрата и Лекторатот по македонски јазик и литература се отворија на најеминентниот факултет за јазици на Република Турција, основан од Мустафа Кемал Ататурк, кој, исто така, потекнува од Македонија. Во Турција има повеќе од 250 универзитети и не е лесно за кратко време да се отвори нова катедра.” – посочува Парс.

Во однос на интересот за македонистиката во Турција и поконкретно во Анкара, нагласува дека е голем.

„Секако има голем интерес, бидејќи во Турција има голем број турски иселеници од Македонија, кои многу ја сакаат и почитуваат Македонија. Меѓутоа сакам да кажам еден класичен пример. На промотивниот час на лекторот по македонски јазик, Дарко Темелкоски, еден студент од Катедрата за англиски јазик и литература изрази желба како изборен предмет да ја земе граматиката на македонскиот јазик. Сакам да подвлечам дека вакви заинтересирани студенти има и од другите катедри на Факултетот за јазици, историја и географија.” – истакнува Парс.

Таа и напоменува дека отворањето на Катедрата и Лекторатот се одвивало без потешкотии. Во однос на Лекторатот и посочува дека е отворен во согланост со Протоколот за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Анкарскиот универзитет.

„Би сакала да ја потенцирам ангажираноста на ректорот на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Неџдет Унувар и на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Би сакала и да го подвлечам фактот дека лекторот Дарко Темелкоски пред професорите и студентите на Факултетот за јазици, историја и географија одржа многу успешно промотивно предавање.” – истакнува Парс.

Таа и нагласува дека Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, допрва ќе се развива и дека ќе се вложува во комплетирање на наставно-научниот кадар, а дека студентите на Катедрата ќе имаат можност да истражуваат во Македонија.

„Отворањето на Катедрата и на Лекторатот по македонски јазик и литература претставува богатство за нашиот факултет и за нашиот универзитет. Бидејќи ние имаме историски, јазични, литературни, културни и други врски и односи со Македонија и со Балканот.” – посочува Парс.

Tags: македонистикаМелахат ПарсТурција
Next Post

Продолжува идентификацијата на загинатите во железничката несреќа во Грција, официјално потврдени 57 жртви

НАЈНОВО

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025
Скриншот од Vimeo / Erick Higuera Imagery

(ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

November 3, 2025

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk