ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска: 8 март е историски ден, но и повик за акција!

March 5, 2023 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството, храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, порача денеска на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

“Им благодарам и на жените во моето семејство од кои ја наследив скромноста, а не покорноста. На учителките, наставничките и професорките од кои ја добив укоста. На пријателките кои се секогаш тука, на сопартијките со кои стоечки ги споделуваме и навредите и победите.
Ниту стравот, ниту молкот не се опција. Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза.  Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка“ порача Лукаревска.
Заменик претседелката посочи дека родовата еднаквост мора да биде составен дел на секое современо општество и дека претстојат уште битки за целосна рамноправност.
„Ако некои мислат дека сите битки на жените се добиени, нека не го забораваат фактот дека патот до тука не бил ниту лесен, ниту едноставен, ниту пак дека патувањето е завршено. Жените се уште се жртви на сексуално вознемирување, на семејно насилство, на трговија, па дури и на најтешката форма на насилство-фемицид. Убиство на жената само зашто е жена.
Можеби, како што велат, мажите не се плашат од смртта, но ние жените сигурно не се плашиме од животот. Зашто силата е во нашите срца, а таа сила, не прифаќа пораз. Затоа, Осми март е историски ден, но и повик на акција.
Родовиот јаз постои. Родовата нееднаквост, исто така. Постојат и нееднаквите можности. Борбата за права на жените е борба за правата на сите, борба која преку правичноста како средство, ќе не доведе до крајната цел – еднаквоста“ истакна Лукаревска.
Линк до видео: https://www.facebook.com/watch/?v=204307995516133
Tags: 8ми мартакцијаЛукаревскаПрилепрамноправностСДСМ
Next Post

Масовен протест пред грчкиот Парламент во Атина поради железничката несреќа

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk