ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Унијата за Медитеранот предупредува дека се повеќе се зголемува нивото на морето

March 5, 2023 18:04
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унијата за Медитеранот, институција која обединува 27 земји на ЕУ и уште 16 од брегот на Средоземното Море, предупредува дека нивото на морето се повеќе се зголемува, нанесувајќи сол на земјоделските површини, што може да го намали производството на храна и безбедносно да ги загрози земјите.

Медитеранот, по Арктикот на север, е второто подрачје во светот кое најбрзо се загрева, во голема мерка благодарение на ослободувањето на штетни гасови.

Граменос Мастројени, заменик генерален секретар на Унијата, рече дека „нивото на морето брзо подигнува“.

„Не е проблем што повеќе вода доаѓа на копното, како на пример во Венеција, туку што тоа е солена вода, а таа значи смрт за земјоделството“, изјави тој во крајбрежниот град Барселона, каде што се наоѓа седиштето на Унијата за Медитеранот.

Мастројени, Италијанец задолжен за енергетска и климатска акција во таа институција, вели дека „40 отсто од земјоделството во медитеранскиот регион се одвива покрај брегот“.

„Имаме проблем во областа на делтата на реката По, но сериозна закана е потенцијалното насолување на делтата на Нил во Египет, што може да ја загрози безбедноста на таа голема земја“, рече Мастројени.

Како последица на тоа, од Египет, земја во северна Африка со 102 милиони жители, би можела да почне миграцијата на гладните и сиромашните луѓе кон европската страна на Медитеранот.

Во ноември, Мастројени беше во Египет на конференцијата на ОН за климатски промени, каде Медитеранот за прв пат имаше свој павилјон за да предупреди на проблемите.

„Досега медитеранските земји беа поделени во преговорите за климатските промени. Секоја од нив се обиде да и помогне на својата група земји да ги постигне своите цели, но овој пат се собравме за да ги решиме заедничките проблеми. Сакавме да предупредиме дека Медитеранот е во опасност“, додаде Мастројени.

Извор: МИА

Tags: ЕУнивото на моретоУнијата на Медитеранот
Next Post

Легализирани 296 810 дивоградби, безбедноста да се гарантира со архитектонски проект

НАЈНОВО

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

ЕУ го одобри 19-тиот пакет санкции кон Русија: Удар врз енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk