ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска: Следи голема реформа на јавниот превоз

March 6, 2023 12:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Градот Скопје денеска распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. Градоначалничката Данела Арсовска во изјава за медиуми денеска најави голема реформа на јавниот превоз каде што, како што рече, ќе има прилагодување на еко-стандардите неопходни за граѓаните за да имаат брз, квалитетен и еколошки јавен превоз.

– Она кое што го кажавме од самиот почеток, а тоа е дека повикот што се објави и претходно, се објави и сега во соработка со новото Координативно тело на приватните превозници, е повик на којшто тие искажаа подготвеност чесно, транспарентно и одговорно да ја вршат дејноста за која што е организиран овој јавен повик и се надеваме дека по завршувањето на овие две недели повторно ќе имаме заедничко водење на јавниот превоз во Градот Скопје. Она на што наидовме кај нив е едно големо разбирање, желба да се работи токму како што треба согласно почитувањето на нашата националната легислатива и согласно сите оние одредби што Град Скопје ги нуди како услови. На наше големо задоволство, а верувам и на спротивната страна, наидовме на заедничка платформа како да продолжиме понатаму, изјави Арсовска во врска со повикот за приватните превозници.  

Во врска со тоа дека ќе се направат напори за да се обноват автобуси според еколошки стандарди, Арсовска рече дека она за што успеале да постигнат договор, е да се формираат заеднички тимови што ќе работат на тоа да се изнајде решение што ќе биде добро за сите и кое што ќе овозможи да има стандардизиран еколошки јавен превоз.  

Во однос на блокадите што ги имаа приватните превозници, Арсовска вели дека дел од причините за блокадите биле лични, а дел политички мотивирани.

– Апсолутно дел од причините за блокадите беа лични, а дел од политички мотиви. Како што кажавме повеќепати, а тоа е, не сакам да навлегувам во оние манипулации што беа пласирани во јавноста, е дека таму има тековни побарувања. Тоа значи дека кога вие имате склучено договор за тој договор добивате авансно фактурирање што се недоспеани обврски. Сето она што е тековно побарување од новиот договор и она кое што беше од претходниот договор со јавните превозници, со ЈСП се изнајде заеднички начин, продолжуваат понатаму и тие обврски ќе си бидат тековно исплаќани како што тоа било наназад во изминатите 30-ина години, рече Арсовска.  

Јавниот повик е распишан денеска и ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници, како што информираат од Град Скопје, истакнале дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз.

-На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз, велат од Град Скопје.

Оттаму наведуваат дека „Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз“.

-За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, нагласуваат од Град Скопје.

Tags: АрсовскаГрад Скопјејавен превоз
Next Post

(ФОТО) Русија изврши 29 ракетни напади во Доњецката област

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk