Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин денеска изјави дека источниот украински град Бахмут има повеќе симболично отколку оперативно значење и не мора да значи дека Москва ја вратила иницијативата на бојното поле.
„Мислам дека тој (Бахмут) има повеќе симболична вредност отколку стратешка и оперативна вредност“, изјави Остин за време на неговата посета на Јордан, додавајќи дека нема да прогнозира дали и кога Бахмут ќе биде преземен од руските сили.
– Падот на Бахмут не мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата“, додаде американскиот министер.