Во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територија на цела држава санкционирани се 199 возачи кои возеле побрзо од дзволеното.
Како што информираа денеска од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 108 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.