ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Вклучувањето на родовата димензија во законските решенија е од големо значење за економскиот раст

March 7, 2023 14:09
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на панел дискусија насловена: „Родовата еднаквост – клуч за економскиот раст на државата” во организација на Европската бизнис асоцијација. Заедно со останатите панелистки кои учествуваа во дискусијата зборуваше за родовата еднаквост во нашето општество, на нашите работни места, институции, компании.

Ова беше одлична можност да се слушнат нивните лични искуства како е да се биде успешна жена и како дошле до успехот.

Министерката во своето обраќање пред присутните се осврна на законските прописи кои ги креира Министерството за труд и социјална политика, преку Секторот еднакви можности. Односно вклучување на родовата димензија во сите закони кои се под негова надлежност.

„Законодавството во Република Северна Македонија е согласно сите европски стандарди, согласно стандардите на Обединетите нации. Во Предлог законот за работни односи се воведоа нови институти, во делот на посебната заштита на жената во време на мајчинство и раѓање. Воведуваме два нови институти мајчинство и татковство, а родителското отсуство постои и понатаму. Целта е вклучување на таткото во растот и развојот на детето и можноста на враќање на мајката на работа. Се воведуваат и работа од дома и работа и далечина, особено значајни за младите,” истакна Тренчевска.

Таа посочи дека министерството работи и на нов закон за родова еднаквост и на зајакнување на владиниот механизам за родова еднаквост, односно создавање на Секретаријат за родова еднаквост со кој ќе раководи вицепремиерка за родова еднаквост. Исто така, таа информираше дека министерството работи и на нов закон за вознемирување на работно место, исклучително важен кога се зборува за насилството врз жените и вознемирување на работно место.

Tags: МТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post

Ѓурѓевиќ за „Отворен Балкан“: Здравата конкуренција околку минималните услови за работа, плата и бенефити ќе влијае врз работодавачите

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk