Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. 8-ми Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. За да го испочитуваме овој меѓународен празник треба секојдневно да дејствуваме против родова стереотипизација.
Чест ми е денеска да кажам што во Министерството за економија со кое што јас раководам, поголем дел односно 65 % од вкупниот број на вработени се жени, објави ан својот Фејсбук профил Министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот кажа дека денеска може да се пофали дека во Министерството за економија има родова еднаквост и родова рамноправност.
„Во рамки на организациските единици во Министерството за економија вкупно 66% од раководните позиции во кои спаѓаат државни советници, раководители на сектори, раководители на оделенија -се жени. Жената е столб на семејството, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Република Северна Македонија.
Сакам на сите жени во Република Северна Македонија да им ги честитам успесите кои секојдневно се пресликуваат врз македонското општество. Активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година. Честит 8-ми март- Меѓународен ден на жените“ напиша министерот Бектеши.