ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Посветени сме на исполнување на целите за одржлив развој и заштита на околината

March 8, 2023 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со претставниците на Програмата на животна средина при Обединети нации (УНЕП) канцеларијата во Виена, со кои разговараше за тековните проектни активности кои оваа организација ги реализира во земјата, но и за можностите на започнување на нови проекти кои ќе придонесат за унапредување на животната средина.

Вицепремиерот Битиќи кој е координатор на активностите на државата за зелениот климатски фонд и Соња Герберт, менаџер на проектот „Управување со портфолиото на Западен Балкан”, разговараа за проектот „Climaproof” кој предвидува подобрување на перформансите на животната средина и климатската отпорност на инвестициите во инфраструктурата во Западен балкан од перспектива на ЕУ интеграциите.

На средбата беше констатирано дека долгорочната цел на „Climaproof” кој ќе се интегрира во новиот просторен план кој е во фаза на изработка, а ќе ги следи насоките на четвртата национална комуникација за клима усвоена во јануари 2023 година е да придонесе за намалување на ризиците од климатските промени во регионот на Западен Балкан (WB), но истовремено ја подигнува свеста, ги зајакнува капацитетите и создава здрав амбиент за инвестиции во зелената инфраструктура.

Вицепремиерот Битиќи и Методија Саздов, Национален технички координатор на проектот, на средбата разменија мислење и за проектот преку кој се промовира одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, што значи градење на капацитети и реставрација на ранливите предели.

Проектот има за цел воведување, тестирање и демонстрација на нови методи и пристапи за борба против деградацијата на земјиштето и значително ќе придонесе за заштита на шумите.

Tags: Битиќизаштита на околинатаодржлив развој
Next Post

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ подготвени да поддржат измени на Уставот?!

НАЈНОВО

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk