Двајца жители на Тетово добија мерка притвор откако кај нив полицајците пронашле марихуана. Според информациите добиени од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на Д.М.(27) и Л.М(21), двајцата од Тетово, им определил мерка притвор од 30 дена и тие се спроведени во КПУ Затвор “Скопје”.
СВР Тетово соопшти дека Д.М. во понеделникот навечер на 6 март бил лишен од слобода и му била пронајдена и одземена марихуана.
-Во вторник 7 март околу 12 часот и 30 минути лишен од слобода беше и Л.М. кој во понеделникот бил со Д.М., соопшти СВР Тетово.
Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.