ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д добиваме нови 110 километри современ автопат

March 8, 2023 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, одржа прес-конференција по повод потпишувањето на Договорот за изградба на Kоридор и Коридорот 10 д.

„Ова е историски инфраструктурен проект, со кој исполнуваме една голема стратешка определба, од што пред се бенефит ќе имаат граѓаните, компаниите, но и целокупната економија. Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10 д, Северна Македонија добива европски, модерни автопати, со коишто државата ќе стане уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута. Вредноста на овој крупен капитален проект изнесува 1,3 милијарди евра. Вкупната должина на делниците опфатени со овие коридора е речиси 110 километри“,порача Ковачевски.

Делницата Тетово- Гостивар е во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан е близу 22 километри и патниот правец односно автопатот Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.

„Со изградбата на овие четири нови, модерни автопати, овозможуваме поврзување со нашите соседи, а преку тоа и поврзување со важните поморски трговски пристаништа. Северна Македонија е природна крстосница, низ која поминуваат двата европски Коридори 8 и 10. Токму ваквата стратешка позиција на Балканот, нѐ прави да сме клучна точка за транзиција, од една страна, како порта за Европа, од друга, преку поврзувањето на Црното со Јадранското море. Затоа и се фокусираме на изградбата и финализацијата на овие два клучни коридори, бидејќи со нивната изградба ја градиме европската иднина на нашата држава, но и иднината на соседите од регионот“, истакна премиерот.

Tags: Ковачевскикоридори 8 и 10 д
Next Post

Бубевски: Заканите за бомби на почеток се водат како тероризам

НАЈНОВО

Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк

August 28, 2025
Скриншот

Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk