ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Свечена седница во Собранието по повод 8 март

March 8, 2023 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржана е свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија по повод одбележување 8 март, како и одбележување на 20 години од постоењето на клубот на пратенички.

Настанот со воведно обраќање го отвори Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери. Воведно обраќање имаше и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Горда сум што сум дел од континуираните активности кои се превземаат за унапредување на родовата еднаквост во изминатите две децении и постигнатите резултати од аспект на законодавството, политиките и стратешките документи кои се поврзани токму во областите од родовите прашања” рече Тренчевска.

Во своето обраќање министерката се осврна историски на законската регулатива започнувајќи од првиот Закон за еднакви можности донесен 2006 година и надоврзувајќи се на Законот за буџети од 2022 година кој според Тренчевска гарантира дека родовата перспектива е дел од секој буџет, и дека буџетите ќе ги отсликуваат приоритетите, потребите и интересите и на жените и на мажите.

Тренчевска се осврна и на Стратегиите и акциските планови.

„Покрај законската рамка, изминатиот период континуирано се работи на креирање на стратегии и акциски планови кои директно се насочени кон унапредувањето на родовата еднаквост. Првата Национална стратегијата за родова еднаквост донесена во 2013 претставува прв ваков стратешки документ во државата во кој се дефинирани стратешки цели во 10 области за унапредување на родовата еднаквост” истакна Министерката.

Таа посочи дека во 2022 година беше донесена и националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026 и Акциски план 2022- 2024 година чии фокус е намалување на дискриминацијата по било кои основ во сите области на општественото живеење.

На свечената седница се обратија и пратеничките: Гордана Силјановска Давкова, Лолита Ристова, Рина Ајдри, Снежана Калевска Ванчева, Благица Ласовска, Маја Морчанин, Илире Даути, Жаклина Пешевска и Моника Зајкова.

Tags: 8-ми мартСвечена седницаСобрание
Next Post

Средба Грковска - Фати Вали: С. Македонија е лидер во регионот во реализација на проектите на ООН

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk