ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската Централна изборна Комисија одлучува која ДП ќе биде регистрирана, судењето на поранешниот министер за одбрана Медиу се откажа, корупцијата и организираниот криминал во Албанија главен проблем

March 9, 2023 13:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Главна точка на дневниот ред на седница на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) ќе бидат барањата за регистрација на двете групи на Демократската партија, судењето на поранешниот  министер за одбрана Фатмир Медиу, за случајот „Грдец“, не се одржа поради негово отсуство, а според најновиот извештај на Фридом Хаус, во Албанија најголем проблем е корупцијата и организираниот криминал.

Ова се дел од изборот на темите на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа  од албанските медиуми во регионот.

РТШ: ЦИК денеска ги регистрира партиите, се одлучува која ПД ќе биде регистрирана, на Алибеај или на Бериша

„Државниот комесар за избори Илирјан Челибаши се очекува во денеска ( четврток, 9 март) да одлучи за регистрацијата на некои партии на локалните избори на 14 мај.

Главниот фокус ќе биде на барањата за регистрација на двете групи на ПД, едната на Сали Бериша, познат како „Ритемелими“, а другата на Енкелејд Алибеај, кој е познат како официјален претставник.

Судирот меѓу нив за да ја водат ДП доведе до прашањето која групација ќе ја претставува најголемата опозициска партија.“, пренесе албанскиот државен медиум РТШ.

ТВКлан: Судењето на Фатмир Медиу за случајот „Грдец“ не се одржа

„Немањето обвинители во судницата е причината за одложување на прелиминарното рочиште за досието „Грдец“. Тие најавија дека се во странство поради работни причини.

Ниту обвинетиот во овој процес Фатмир Медиу не се појави пред црните одреди. Во просторијата беа само адвокатите и судот го одложи рочиштето за 23 март во 14:00 часот.

Судијката Ирена Ѓока мора да одлучи дали Фатмир Медиу ќе биде предмет на судска постапка или не.“, пренесе албанската ТВКлан.

Албеу – Фридом Хаус: Слободата во светот, пад 17 години по ред/ Во Албанија проблем со корупцијата и организираниот криминал

„Ејми Слиповиц, од организацијата Фридом Хаус, во разговор за Гласот на Америка рече дека Албанија не бележи никаква промена од минатото. „Од позитивната страна, слободата на вероисповед и слободата на собир се генерално почитувани области. Има области кои можат да се подобрат. Политичките партии се многу поларизирани, а корупцијата и организираниот криминал сè уште остануваат сериозни проблеми“, рече таа.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

Телеграфи: Се очекува денеска Советот на министри на ЕУ да ја одобри либерализацијата на визите за Косово

„На денешниот дневен ред на седницата на Советот на министри на Европската унија ќе биде  одобрувањето во прво читање на визната либерализација за Косово.“, пренесе косовскиот дневник Телеграфи.

РТВ 21- Слобода во светот: Косово меѓу земјите со најголеми подобрувања

„Во најновиот извештај на организацијата Фридом Хаус за слободата во светот, Косово е на третото место на листата по подобрувањата на ова поле.“, пренесува косовската РТВ21.

БалканВеб:„Југословенската тајна служба покажала интерес за антизогистичка емиграција, конзулот во Бари добил 4.000 златници“/ Досие на УДБ за албанскиот политички егзил

„Српско-словенечко-хрватската влада и југословенската разузнавачка служба покажаа голем интерес за албанската емиграција, особено онаа во Италија. Тогашниот југословенски конзул во Бари (1926 г.), добил 4.000 златници за помош на албанската емиграција. Во тоа време југословенските агенти започнаа строга пропаганда да ги убедат албанските емигранти да ја прифатат месечната помош што ја нуди Белград, за да ги врзат за себе.“, извадок од анализата „Југословенската тајна служба покажала интерес за антизогистичка емиграција, конзулот во Бари добил 4.000 златници“/ Досие на УДБ за албанскиот политички егзил“  во рубриката „Досие“ на Балкан Веб.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: медиуми
Next Post

Зеленски: Во последните руски напади има загинати и повредени луѓе

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk