„Владата предводена од СДСМ започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата“, соопштија утрово од Бихаќка.
„Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра.
Овој проект опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, Требениште – Струга – Ќафасан од 22 километри, како и автопатот Прилеп – Битола во должина од речиси 40 километри.
Изградбата на автопатските делници придонесува за регионално поврзување на нашата земја, која станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута, раскрсница на Балканот, со излез на три пристаништа.
Квалитетните патишта го олеснуваат животот, ги зближуваат граѓаните и поволно влијаат врз развојот на сообраќајот, трговијата, еконoмијата.
СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, компаниите, целата економија“, се вели во соопштението.